Collector
Хитлер е виновен за сè: Германија крие „автопат на духови“ долг 70 километри | Collector
Хитлер е виновен за сè: Германија крие „автопат на духови“ долг 70 километри

Хитлер е виновен за сè: Германија крие „автопат на духови“ долг 70 километри

Хитлер е виновен за сè: Германија крие „автопат на духови“ долг 70 километри Александра Спасеска 08.06.2026 / 18:52 Чек дис аут Bundesautobahn 46 е најдолгиот напуштен автопатски проект во Германија, првенствено затоа што неговата идеја имала помалку врска со ефикасноста на сообраќајот, а повеќе со нацистичката градежна идеологија и пропаганда. Долг е 70 километри и се смета за најдолгата официјално регистрирана автопатска руина во Германија. Денес е само реликт што потсетува на голем проект од нацистичката ера, започнат непосредно пред Втората светска војна, но никогаш не е завршен. Автопатот се протега помеѓу Бад Херсфелд и Вирцбург. Трасата била дизајнирана помалку според критериумите за ефикасност, а повеќе според нацистичката градежна идеологија и пропаганда. Намерата била да им се покаже на возачите убавината на германската татковина, објавува Euronews . Меѓу живописните сцени требало да бидат и урнатините на замокот Хомбург. Изградбата не била продолжена по 1945 година Долгиот дел првично бил планиран како врска север-југ преку јужниот Рен и Шпесарт. Првите градежни работи започнале во 1937 година, во кои биле вклучени голем број работници и најсовремена градежна механизација во тоа време. На 4 октомври 1939 година, работата на автопатот била запрена. Втората светска војна се наближуваше, а приоритетите се префрлаа на милитаризација. Една особено впечатлива структура е високиот столб на мостот кај Шондерфелд на франконската река Зале. Исто така, по должината на Bundesautobahn 46 има неколку типични структури од 1930-тите, како што се камени канали и портали од тунели од природен камен. Од техничка гледна точка, проектот ги следел стандардите на автопатската мрежа на Рајхот во тоа време. Изградбата не била продолжена по 1945 година, делумно затоа што трасата била непрактична, премногу тесна и стрмно наклонета на места, а делумно затоа што Сојузна Република Германија поставила нови приоритети во планирањето на сообраќајот. Наместо тоа, автопатот А7 бил изграден како главна сообраќајна оска север-југ низ Хесен и северна Баварија. Bundesautobahn 46 има статус на заштитен споменик од 2003 година. Се смета за најдолгата континуирано зачувана делница од автопатска рута во Европа што никогаш не била завршена или отворена за сообраќај. Поранешната рута сега е целосно интегрирана во пејзажот и во некои делови претставува живеалиште за флора и фауна, како и патека за планинари. На некои локации се поставени информативни табли на кои е објаснета историјата на Bundesautobahn 46. Германија Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site