Kurir
Преписка меѓу момчето убиец Коста Кeцмановиќ и неговата мајка Милјана Кецмановиќ била презентирана како доказ на судењето против неговите родители во Белград. Според српските медиуми, пораките биле извлечени од вештачењето на нивните телефони. Дел од нив, како што беше наведено во судницата, датираат од 2020 година. Меѓу пораките што привлекле најголемо внимание е онаа во која Коста ѝ пишува на мајка си: „Те мразам“, гласела пораката. Следната порака што беше земена како доказ во оваа постапка ја испрати Милјана до својот син во март истата година, а гласеше „Јас сум на училиште, не се срами од мене, јас сум твоја мајка, треба да бидеш горд“. Само неколку дена подоцна му испратила порака со содржина „Е*и се, сине“. Една од пораките што била прочитана во судницата се однесувала на односот кон неговата помлада сестра. „Што правиш? Зошто треба така да се однесуваш со сестра ти?“, му напишала мајката. Според медиумските извештаи, токму оваа порака предизвикала најголемо внимание кај присутните, бидејќи отвора прашања за односите во семејството и пред трагедијата. Судењето влегува во завршница На денешното рочиште биле изнесени завршните зборови во постапката против Владимир и Милјана Кецмановиќ. Главниот јавен обвинител Ненад Стефановиќ побарал најстроги казни за двајцата обвинети. По завршувањето на постапката, судот треба да закаже датум за објавување на пресудата. Постапката се повторува откако Апелациониот суд ја поништи претходната првостепена пресуда поради процесни пропусти. Српските медиуми пишуваат дека преписката фрла ново светло за случајот кој пред 3 години ја зави Србија во црно. На 3 мај 2023 година тогаш 13-годишниот Коста во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар уби 9 ученици и еден чувар, а рани уште 6 ученици и една наставничка.
Go to News Site
Tocka
Tocka
Tocka
Tocka
Kajgana
Makfax Macedonia
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir