Kurir
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на собраниската седница се обрати до пратеничката од СДС, Славјанка Петровска која зборуваше за состојбите во земјоделието. Петрушевски истакна дека не очекувал, Петровска да се јави да зборува и критикува за земјоделието, додека поранешниот министер од редовите на СДС, Љупчо Николоски да не е присутен во салата. „Почитувана колешке, не очекував од вас дека ќе се јавите вие лично да говорите за оваа интерпелација, особено што и вие знаете дека оваа интерпелација е само еден обичен обид за политичка драма, а најмалку суштинска дебата за земјоделието. Затоа што и вие знаете дека овие луѓе коишто седат овдека, меѓу кои и вие. Оној поранешен министер којшто сега го нема, ама ете има кој денеска сака да критикуваат“, рече Петрушевски. Додаде дека СДС имаа седум години власт да направат нешто за македонското земјоделие, а единствено што направиле е бизнисот со марихуаната, кога единствено луѓе блиски до СДС и тогашната власт добиваа лиценци за одгледување. „Имаа седум години можност нешто за земјоделието. Резултатите ги видовте на изборите, меѓутоа ги гледавме и тогаш секојдневно на разни протести и искажување незадоволство и се она коешто се случуваше во тој период. Ако може да се каже дека направивте нешто во земјоделието, тоа е во делот на марихуаната. Тука да, направивте многу како тогашна владата и голем дел, односно најголем дел од сите бизниси и фирми коишто одгледуваат марихуана се во делот на вашата политичка партија и во делот на оние луѓе коишто тогаш ви беа власт“, истакна Петрушевски.
Go to News Site
Kajgana
Tocka
Tocka
Tocka
Makfax Macedonia
Нова Македонија
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir