Collector
Giriş Yap
Стојаноски: СДС го уништи земјоделието, да имаше реални обвинители Љупчо Николовски ќе беше во затвор | Collector
Стојаноски: СДС го уништи земјоделието, да имаше реални обвинители Љупчо Николовски ќе беше во затвор

Стојаноски: СДС го уништи земјоделието, да имаше реални обвинители Љупчо Николовски ќе беше во затвор

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница истакна дека за СДС е непоимливо некој кој се огрешил пред законот, а при тоа е функционер, да одговара за сторениот криминал, бидејќи челниците на политичката партија која инфлагранти беше фатена во криминал и којашто доби поразителни 150.000 гласа од граѓаните, си ги оставила на слобода наместо во затвор. „На вас ви е чудно, а како и нема да ви биде кога тој којшто е најголем крадец од сите, ене го во Струмица недопрен, а вториот ви е лидер на партија. Затоа на вас ви е чудно кога некој ќе ви каже дека фатил некого и го однел во затвор да одговара затоа што крадел“, рече Стојаноски. Пратеникот Стојаноски истакна дека Трипуновски стана министер во јуни 2024, а во 2025 година во октомври имаше локални избори, на коишто, како што кажа тој, секаде каде што имаше барем еден земјоделец, СДС ги изгуби изборите. „Тој што го нема сега во салата, што вашата партија го намести да поднесе интерпелација, па што праќа пораки, еј немојте многу да ме критикувате, затоа што има девет кривични пријави, таму, каде што толку беше неспособен што не го ни ставивте носител во 2024 година, втор беше. Толку е неспособен што втор го ставија, не го ставија носител министер за земјоделие. Секаде каде што живее земјоделец во државата ги загубивте изборите, една општина кажете ми каде што не е така. Епа сега кој е во право? Вие сте во право со вашето поведение како партија или луѓево коишто гласале?“, кажа Стојаноски и додаде: „Да има во оваа држава обвинители коишто се реални, а не како оние коишто го поништуваат МАЗУТ, не како оние коишто вчера оној што ви беше потпретседател го пуштаат од Шутка со гаранција, сега веќе кога го заврши експозето министерот требаше да има комбе и да го спроведе Николовски во Истражниот затвор Шутка за тоа што го направил“.

Go to News Site