Collector
Giriş Yap
Трамп: Денеска повторно силно ќе го нападнеме Иран | Collector
Трамп: Денеска повторно силно ќе го нападнеме Иран

Трамп: Денеска повторно силно ќе го нападнеме Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одговарајќи на новинарско прашање да ја објасни претходната изјава дека Иран „мора да ја плати цената“, истакна: - Па, ќе ги нападнеме, ќе ги нападнеме многу силно, посочи Трамп. Тој на прашањето дали тоа значи продолжување на бомбардирањето истакна: Да, па, со оглед на хеликоптерот, претпоставува, дека имам право на тоа“. Трамп претходно го обвини Иран дека со дрон соборил американски хеликоптер „Апачи“ во близина на брегот на Оман. - Вчера силно ги нападнавме и денеска повторно силно ќе ги нападнеме, во случај да сте пропуштиле, во случај да не сте го вклучиле телевизорот, наведе Трамп. (МИА)

Go to News Site