Со садење палми општина Валандово ја одбележа пролетта
Kurir

Со садење палми општина Валандово ја одбележа пролетта

Основците, средношколците и децата од предучилишна возраст од детските градинки и училиштата на подрачјето на општина Валандово, денес со садење палми го одбележаа доаѓањето на пролетта. Во активноста учествуваа вработените во училишните и предучилишните институции кои на децата им покажаа како да се засади новата садница, а покрај нив во акцијата се вклучија и вработени од јавните институции, волонтери и граѓани. Еколошката акција, како што велат од општината, има за цел да се раззеленат училишните дворови и да се унапреди животната средина, но и да се подигне еколошката свест кај граѓаните. Како што информираат од општина Валандово, палмовите садници се обезбедени преку донација, а се садеа во сите населени места. (МИА)

Go to News Site