Македонија рече „ДА“ за Регионалната ракометна лига
Kurir

Македонија рече „ДА“ за Регионалната ракометна лига

Претставници на ракометните федерации на Србија, Македонија и Црна Гора одржаа заеднички состанок на кој главна тема беше формирањето на регионални лиги во машка и женска конкуренција. За време на состанокот беа разгледани различни модели на организација на натпреварувањето, вклучувајќи повеќе варијанти на лигашки систем, со цел унапредување на квалитетот на ракометот, зголемување на конкурентноста и зајакнување на регионалната соработка. Сите учесници на состанокот изразија цврст и единствен став дека заедничките лиги треба да започнат веќе од септември оваа година, со висок степен на организација и професионални стандарди. Конечната одлука за форматот на натпреварувањето ќе биде донесена на наредниот состанок, кој е планиран за април во Скопје, кога ќе бидат усогласени сите клучни детали и ќе се дефинира конечниот модел на лигите. На наведениот состанок ќе бидат поканети и претставници на клубовите, со цел активно да учествуваат во процесот на донесување одлуки. Ракометните федерации продолжуваат со интензивна комуникација и соработка со цел реализација на овој значаен проект за развој на ракометот во регионот. Регионалната ракометна лига според најавите кај мажите ќе се игра во систем 4+4+2, со по четири клубови од Србија и Македонија и уште два од Црна Гора. Претставници од нашата земја ќе бидат Вардар 1961, РК Е.Пелистер  Алкалоид и ГРК Охрид. Од Србија тоа ќе бидат Војводина, Партизан Динамо Панчево  и Дубочица, додека од Црна Гора ќе играат Ловќен и Будванска Ривиера. Кај жените, пак, лигата ќе биде со по два клуба од Србија, Хрватска Словенија иЦрна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина, со сериозни имиња кои со години играат во европските купови.

Go to News Site