ТАЖНА ВЕСТ: Почина новинарот Гоце Контевски
Kurir

ТАЖНА ВЕСТ: Почина новинарот Гоце Контевски

На 77-годишна возраст почина Гоце Контевски, долгогодишен новинар и еден од бардовите на македонското новинарство. Целиот професионален век Контевски го помина во весникот „Вечер“ каде ги помина сите скалила во новинарската кариера од приправник до заменик на главниот уредник и в.д. главен уредник. Во текот на својата долгогодишна кариера, посебно се ангажираше на бројни проекти со кои се унапредуваа содржините во весникот преку уредување на специјални прилози од областа на спортот и на масовните комуникации. Имаше значаен придонес и во реализацијата на новинарскиот проект „ВЕЧЕР ЕВРОПА“, кој почна да се реализира како дел од тридеценискиот јубилеј на весникот во 1993 година. Благодарение и на неговиот посебен ангажман во Франкфурт, Германија, почна да се печати и издава специјално седмично издание, кое беше наменето за македонските граѓани во дијаспората и кое се дистрибуираше во повеќе од десетина европски земји.

Go to News Site