Од полноќ пониска даночна стапка за горивата, УЈП најави контроли
Kajgana

Од полноќ пониска даночна стапка за горивата, УЈП најави контроли

Од полноќ пониска даночна стапка за горивата, УЈП најави контроли Александра Спасеска 23.03.2026 / 17:37 Македонија Од утре до 6 април ќе се применува повластена даночна стапка од 10 отсто за прометот на горивата. Мерката која беше донесена со одлука на Владата, ќе почне да важи од полноќ и ќе трае до 6 април. Управата за јавни приходи (УЈП) ги известува сите даночни обврзници кои вршат трговија на мало со моторни горива и мазива дека се должни навремено да ги усогласат своите фискални системи, ценовници и фактурирање, во согласност со тарифникот од одлуката. Целта е да се обезбеди правилна пресметка, евидентирање и прикажување на намалената стапка на данокот на додадена вредност. Од Управата нагласуваат дека примената на мерката мора да биде доследна и во согласност со законските прописи, при што најавуваат засилени контроли на терен. За евентуални неправилности ќе бидат преземени соодветни законски мерки. УЈП ги повика сите засегнати субјекти да постапуваат согласно прописите и да придонесат кон транспарентно и законито работење, во интерес на граѓаните и економијата. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On

Go to News Site