Kurir
Украинското воено разузнавање има „неоспорни“ докази дека Русија продолжува да му обезбедува разузнавачки податоци на Иран, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со шефот на военото разузнавање. -Русија ги користи сопствените капацитети за сигнален и електронски надзор, како и дел од податоците добиени преку соработка со партнерите на Блискиот Исток, напиша тој на X. Кремљ минатата недела го отфрли извештајот на „Вол Стрит Џурнал“ дека Русија споделува сателитски снимки и подобрена технологија за дронови со Иран, нарекувајќи го „лажни вести“.
Go to News Site