Кина предупреди на ризик ситуацијата на Блискиот Исток да ескалира
Kurir

Кина предупреди на ризик ситуацијата на Блискиот Исток да ескалира

Кина денеска предупреди на ризикот ситуацијата на Блискиот Исток да излезе од контрола доколку американскиот претседател Доналд Трамп ја спроведе својата закана за уништување на иранските електрани. За време на редовната прес-конференција, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, го повтори повикот на Кина за итно прекинување на огнот. „Употребата на сила само ќе доведе до маѓепсан круг“ на размена на напади, рече Лин. Како економски и политички партнер на Иран, Кина остро ги осуди нападите на САД и Израе, кои почнаа на 28 февруари. Кина исто така имплицитно ги критикува нападите на Иран врз земјите во регионот и блокадата на Ормуската Теснина. Дискретно работи на смирување на тензиите преку дипломатски канали, пишува парискиот весник „Ле Монд“.

Go to News Site