Kajgana
Жените откриваат: Како до повеќекратни оргазми? Александра Спасеска 26.03.2026 / 20:39 Љубов и секс Можеби ви се чини како невозможна мисија, но возможно е да ја задоволите жената и да ѝ пружите не еден, туку повеќе оргазми едно по друго. Сега жените откриваат и како најчесто ги доживуваат овие оргазми. Според истражувањето на порталот за сексуална едукација OMGYES и Универзитетот на Индијана, во кое биле опфатени 1.055 жени, дури 47% од испитаничките одговориле дека доживуваат повеќекратни оргазми. Повеќето жени најчесто доживуваат оргазам со директна стимулација на клиторисот, а 34% од испитаничките рекле дека набрзо по првиот оргазам доживувале втор, па и трет, ако интензитетот на стимулацијата остане ист. Околу 45% од жените рекле дека полесно доживуваат оргазам ако е стимулацијата нешто погоре или подолу од клиторисот. Повеќе од половина, или поточно 64%, рекле дека повеќе сакаат движења нагоре-надолу и дека тоа полесно ги доведува до оргазам, додека 52% одговориле дека сакаат кружни движења. Она што ви останува е отворено да разговарате со вашата партнерка за сексот, да слушнете што сака и да го примените тоа во пракса. оргазам женско задоволство Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site