Kurir
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф вечерва изјави дека во телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ветил поддршка од Исламабад за обновување на мирот во регионот. Двајцата лидери разговараа неколку пати во текот на месецот, вклучувајќи ја и размената на честитки за Рамазан и Еид ал-Фитр, а денеска Шариф повторно изразил надеж за крај на војната меѓу Иран, Соединетите Американски Држави и Израел. Премиерот на Пакистан рекол дека со Пезешкијан ја споменал „тешката ситуација во регионот на Заливот“ и додал дека е истакната итна потреба од смирување на тензиите, дијалог и дипломатија, пренесе Бета. Шариф во порака на социјалната мрежа X наведе дека Пакистан е посветен на играње „конструктивна улога во промоцијата на мирот во регионот“. Пакистан, кој моментално е во судир со соседен Авганистан, дели граница со Иран и од почетокот на војната следи дипломатски пристап во решавањето на војната на Блискиот Исток.
Go to News Site