Две години од смртта на Мирко Попов
Kurir

Две години од смртта на Мирко Попов

На денешен ден во 2024-та година, на 51 година почина Мирко Попов, еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика. Тој беше сеприсутна појава во урбаниот, културниот и јавниот живот на Скопје и пошироко. Првиот професионален ангажман како диџеј го добил во 1992, а истата година доби простор во култното скопско музичко радио „Канал 103“, што е еден од клучните моменти во неговиот развој како личност и музичар. Од 2008 до 2010 бил главен и одговорен уредник на „Канал 103“. Во 2011 година, со намера да ја отслика духовната атмосфера на ПМГ подиумот за танц, ја покренал етикетата Патерн ПМГ, специјализиран за електронска денс музика. Дел е и од опскурниот и култен бенд / проект Кантон 6, со кој досега има издадено повеќе ЕП изданија и албумот “Чил Фолк“. Има остварено повеќе улоги во театарски претстави, како и на филм. Се јавува и како автор на неколку музички дела за театар и филм. Режира една радио драма. Уредник е на неколку емисии што се емитуваат на скопското радио Канал 103, како и продуцент на електронска музика во склоп на ПМГ.

Go to News Site