Со концерт на ансамблот „Македонија“ ќе почне одбележувањето на 19 години од постоењето на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
Kurir

Со концерт на ансамблот „Македонија“ ќе почне одбележувањето на 19 години од постоењето на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

Со целовечерен концерт на ансамбл „Македонија“ вечерва ќе почне серијата настани по повод одбележувањето на 19 години од постоењето на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Концертот ќе почне во 19 часот во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет, а пред публиката ќе бидат изведени: „Седнал Марко“ - соборски ора и песни од етничкиот предел Средорек, Жеглигово и Славиште, „Вено Пиле“ - вокална изведба од етничкиот предел Жеглигово, „Излегол Селман“ вокална изведба од етничкиот предел Жеглигово, „Каршијак“ - соборски ора и песни од етничкиот предел Скопска Блатија, „Јанино“ - оркестарска изведба, „Малешевска“ - оркестарска изведба, „Чангулово“ - соборско оро од етничкиот предел Малешево, „Шетнала се Јана“ - соборски ора и песни од етничкиот предел Пијанец. За 26 март исто така во Мултимедијалниот центар закажана е Ораторска вечер, а на 27 март ќе се одржи Свечена академија. -Патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип претставува значаен чин за одбележување на вредностите врз кои се темели нашата академска заедница и миг за заедничко чествување на улогата на Универзитетот во унапредувањето на високото образование, науката и општествениот напредок. Вашето присуство на овој свечен настан, ќе ни претставува особена чест - наведува во поканата проф. д-р Дејан Мираковски, ректор Универзитет „Гоце Делчев" - Штип. На 30 март во Свечената сала во Ректорат ќе се оджи промоција на доктори на науки. Во најавата се нагласува станува збор за низа настани кои го обединуваат академскиот и културниот живот на Универзитетот, со учество на професори, студенти и гости од земјата и странство. (МИА)

Go to News Site