Kurir
Денес официјално започнаа градежните работи за уредување на улица 10 во населеното место Горно Соње во должина од 1100 метри, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Сопиште Јане Мицевски. Со овој проект продолжуваме со нашата посветеност за подобрување на инфраструктурата и условите за живот на сите наши жители. Уредувањето на оваа улица ќе донесе побезбедно и поквалитетно секојдневие за граѓаните, како и подобра поврзаност во населеното место. Ова е уште еден доказ дека со континуирана работа и јасна визија, чекор по чекор ја унапредуваме нашата општина. Благодарност до Владата на Република Македонија за поддршката и соработката во реализацијата на овој значаен проект. Продолжуваме посветено за подобра Општина Сопиште и подобра иднина за сите!, пишува Мицевски во својата објава.
Go to News Site