Kajgana
Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност Александра Спасеска 24.03.2026 / 16:15 Македонија Денеска, Владата на Република Македонија го одобри Договорот за имплементација на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, еден од најзначајните инфраструктурни зафати за модернизација на јавниот превоз и унапредување на мобилноста во главниот град, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „БРТ претставува современ систем на јавен превоз кој функционира по принцип на метро на тркала со посебни, одвоени ленти за движење, приоритет на раскрсници и висока фреквенција на возила. Овој концепт овозможува побрз, сигурен и предвидлив превоз, значително намалување на гужвите и времето на патување, како и намалување на загадувањето, што го прави клучен чекор кон поодржливо и поеколошко Скопје“. Со овој Договор, нагласува Ѓорѓиевски, прецизно се утврдуваат правата, обврските и меѓусебната координација помеѓу Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Град Скопје во текот на целокупната имплементација на проектот. Договорот,мкако што вели, ги регулира механизмите за управување со средствата од заемот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), формирањето и функционирањето на Единицата за имплементација на проектот, како и обврските за навремено обезбедување на сите административни, технички и финансиски предуслови. „Убеден сум дека со заедничка посветеност, проблемите што со години беа дел од нашето секојдневие ќе останат зад нас, а пред нас ќе стои модерен, функционален и ефикасен транспортен систем каков што Скопје заслужува“, напиша Ѓорѓиевски. Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност! ✔️ Денес, Владата на Република Македонија го одобри Договорот за... Posted by Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski on Tuesday, March 24, 2026 Град Скопје јавен превоз Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On
Go to News Site