Бугарија нè блокира, Хрватска ќе ни помага
Kajgana

Бугарија нè блокира, Хрватска ќе ни помага

Бугарија нè блокира, Хрватска ќе ни помага Александра Спасеска 24.03.2026 / 17:38 Македонија Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Загреб ја повтори својата поддршка за Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, за време на официјалната посета на претседателката Гордана Силјановска-Давкова на Хрватска. По години грчка блокада, која беше укината дури кога го сменивме името во Северна Македонија, за да се разликува од грчката покраина, на европскиот пат ни застана Бугарија. Пленковиќ ја повтори својата „силна поддршка за почеток на преговорите и нагласи дека Хрватска останува подготвена да помогне во пренесувањето на своето знаење и искуство во овој процес“, се вели во владино соопштение. Силјановска-Давкова претходно на средбата со претседателот Зоран Милановиќ изјави дека нејзината земја постојано е подложена на нови услови и барања кои немаат никаква врска со Копенхашките критериуми, нагласувајќи дека ова е „директно мешање во внатрешните работи на суверена држава“. Пленковиќ и Силјановска-Давкова разговараа и за безбедносните, економските и енергетските последици од конфликтот на Блискиот Исток, како и за соработката во рамките на НАТО. Други теми беа билатералната соработка, понатамошното зајакнување на партнерските односи меѓу двете земји, како и меѓусебната заштита на малцинствата, која, како што е оценето, е на високо ниво. „Кога станува збор за економската соработка, беше нагласен континуираниот раст на трговијата во последните години. Потенцијалот за развој на соработката постои во бројни области, од транспорт, инфраструктура и енергетика до одбрана, фармацевтска и прехранбена индустрија, земјоделство и ИТ сектор“, се додава во соопштението од хрватската влада. Хрватска Македонија ЕУ Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site