Kurir
Индија ја поддржува деескалацијата на војната на Блискиот Исток и воспоставувањето мир што е можно поскоро, изјави денеска премиерот Нарендра Моди. Индискиот премиер напиша на Икс дека имал „корисен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за ситуацијата во Западна Азија“. -Обезбедувањето дека Ормуската теснина останува отворена, безбедна и достапна е од клучно значење за целиот свет, напиша Моди. -Се согласивме да останеме во контакт во врска со напорите за мир и стабилност, додаде тој.
Go to News Site