Kurir
Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија (UCPM) со цел зајакнување на капацитетите за справување со шумски пожари, прекугранична соработка и подобрување на оперативната подготвеност, соопшти ДЗС. На настанот ќе бидат презентирани целите и активностите на проектот, улогите на партнерите, планираните тренинзи и вежби и очекуваните резултати и придобивки.
Go to News Site