Предлог – одлуката за именување директор на Агенцијата за пристап до информации пред матичната комисија
Kurir

Предлог – одлуката за именување директор на Агенцијата за пристап до информации пред матичната комисија

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог - одлуката за именување директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Еден од најважните органи за транспарентноста на институциите и на демократијата - Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер од 25 декември минатата година не работи откако тогаш на претходната директорка на Агенцијата Пламенка Бојчева и завршил мандатот. Агенцијата е останата и без заменик-директор откако претходниот Бљерим Исени на последните локални избори беше избран за советник во Советот на Општина Куманово. Собраниската комисија за избори и именувања во јануари годинава поништи еден оглас за избор на директор и заменик-директор на Агенцијата за пристап до информации од јавен карактер бидејќи на огласот беа пријавени само двајца кандидати, кои не доставиле комплетна документација. (МИА)

Go to News Site