Kajgana
Рецепт на денот: Персиска мусака без компири Филип Здравески 25.03.2026 / 13:32 Рецепти Научете како да направите персиска мусака без компири што сите ќе ја обожаваат. Толку е вкусна што ќе трeба за сите да има репете. Ако сте љубител на домашни, топли и заситувачки јадења од рерна и сакате да внесете мала промена во вашето дневно мени, оваа персиска мусака целосно ќе ве освои од првиот залак. Без компири, но богата со вкусови, оваа комбинација од сочно мелено месо, миризливи печурки и внимателно одбрани зачини носи сосем ново искуство во кое сигурно ќе ужива целото семејство. посебен шарм на ова јадење му дава последниот слој, лесен снег од белки и стопен кашкавал што се претвора во златна, миризлива кора на која е тешко да се одолее. Токму тоа е деталот што ќе ги натера сите да побараат уште една порција, а вие ќе го додадете рецептов во вашите омилени. Потребни состојки: 500 гр мелено месо 1 главица кромид 250 гр печурки 2 јајца 1 парче леб 3 лажици свежо млеко 150-200 гр кашкавал сол бибер оригано лук во прав малку масло (за подмачкување) Подготовка: Накратко потопете го лебот во млеко, потоа извадете го и нежно исцедете го. Наместо леб можете да користите и презла - околу 5 лажици презла во 2 лажици вода. Ситно исечкајте го кромидот и пропржете го на малку масло, потоа додадете ги исечканите печурки и пржете додека не омекнат и течноста не испари. Во голем сад, измешајте го меленото месо, натопениот леб, жолчката од јајце и подготвените печурки со кромид. Зачинете со сол, бибер, оригано и лук во прав, а потоа добро измешајте. Подмачкајте плех за печење со масло и премачкајте ја подготвената смеса. Додадете околу две чаши вода или супа за да ја задржите масата сочна за време на печењето. Печете во претходно загреана рерна на 175 степени околу 40 минути, додека течноста речиси целосно не испари. Матете ги белките додека не се формираат цврсти врвови. Извадете ја мусаката од рерна, намачкајте ги белките по површината и наросете со рендан кашкавал. Вратете во рерна и печете уште неколку минути, додека одозгора не се формира златна и крцкава кора. мусака рецепт Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site