Kajgana
Трамп ѝ фрли око на Јужна Америка: Започната е операцијата „Тотално истребување“ Александра Спасеска 25.03.2026 / 13:29 Свет Американските сили спроведуваат операции во Јужна Америка веќе неколку месеци, а според соопштението од Министерството за одбрана на САД, се очекува акциите да бидат проширени во наредниот период. Еден од високите функционери на Пентагон, Џозеф Хумир, изјави дека досега видените напади се само почеток и дека започнува операцијата „Тотално истребување“. Целта на нападите во првата фаза, како што изјави, се нарко-картелите во Еквадор, а овие операции се спроведуваат со поддршка на властите на оваа земја. Сепак, за време на еден од нападите во Еквадор, погодено е и село во Колумбија, кое се наоѓа веднаш до границата. Официјалното објаснување е дека станува збор за ракета која „отскокнала“ од наменетата цел и ја преминала границата во соседна земја. Сепак, сè уште се очекува дека во одреден момент нападите врз нарко-картелите ќе бидат проширени и на други земји во регионот, вклучително и Колумбија. Операцијата „Тотално истребување“ е проширување на претходната операција наречена „Јужно копје“. Во оваа операција, американските сили се насочени кон бродови во Карипското Море за кои велат дека транспортираат наркотици во САД. Соединетите Американски Држави извршија 46 напади од септември 2025 година, уништувајќи 48 бродови и убивајќи речиси 160 цивили. Во најновиот напад, на 19 март во Пацификот, загинаа уште две лица, а еден преживеа. Администрацијата на Трамп вели дека жртвите се членови на најмалку еден од 24-те или повеќе картели и криминални банди со кои вели дека е во војна, но одбива да ги именува. Генералот Франсис Донован, командант на SOUTHCOM, им рече на пратениците минатата недела дека нападите врз бродови не се одговор, но наговести за поширока кампања. „Она што моментално го правиме може да биде проширување на операцијата 'Јужно копје', но всушност станува збор за процес на водење кампања против картелите што создава целосен системски притисок врз оваа мрежа. Верувам дека овие кинетички напади врз бродови се само мал дел од тоа“, им рече тој на членовите на Комитетот за вооружени сили на Сенатот. САД Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site