Шифрин го освои Големиот кристален глобус
Kajgana

Шифрин го освои Големиот кристален глобус

Шифрин го освои Големиот кристален глобус Филип Здравески 25.03.2026 / 14:18 Останати спортови Американката Микаела Шифрин го освои Големиот кристален глобус по шести пат во кариерата, наменет за вкупен победник на Светскиот куп во алпско скијање. Во пресрет на последната трка, Шифрин имаше 85 поени повеќе од втропласираната Германка, Ема Ајхер, и можеше да остане без титулата само ако Ајхер забележеше победа, а таа не освоеше ниту еден поен. По првото возење, таа можност беше реална бидејќи Шифрин беше 17-та, а Ајхер трета, 26 стотинки зад водечката. Сепак, во второто возење, Шифрин го подобри својот пласман, влезе меѓу првите 15 и со тоа ја додаде овогодишната титула на титулите од 2017, 2018, 2019, 2022 и 2023 година. Според бројот на освоени титули во Светскиот куп, Шифрин се изедначи со претходната рекордерка, Анемари Мозер-Проел. На крајот од оваа сезона, 31-годишната Шифрин има 110 победи во Светскиот куп, а покрај 6 Големи глобуси има освоено и 12 Мали глобуси за најдобра во одредена дисциплина (9 во слалом, 2 во велеслалом и 1 во супервелеслалом). Покрај тоа, минатиот месец ја освои својата втора олимписка титула во слалом. По големата грешка во втората трка, Ајхер го освои 12-тото место, 2 стотинки зад Шифрин, па на крајот Шифрин победи со 87 поени предност. Микаела Шифрин скијање Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site