Нова песна на Љубојна во дует со Бранислав Николов – Врати ми ја тишината
Kurir

Нова песна на Љубојна во дует со Бранислав Николов – Врати ми ја тишината

Еден од најзначајните македонски музички брендови, Љубојна годинава прославува јубилејни 25 години постоење со голем концерт кој ќе се одржи на 29 март во македонската Филхармонија, а во пресрет на концертот, групата ја претставува својата нова песна – „Врати ми ја Тишината“, во дует со Бранислав Николов. Песната во придружба на видео е објавена денес и е достапна на следниот линк . „Врати ми ја тишината“ е инспирирана од музичката тема „Танго за тројца“ во соработка и дружба со Фолтин. Видеоклипот е документиран во живо на сесиите во Studio Wave и во „Театар Комедија“. Музиката и аранжманот се на Оливер Јосифовски, текстот е на Сашо Димоски. Вокалната изведба е дует на Вера Милошевска-Јосифовска и Бранислав Николов, а музичарите се: Оливер Јосифовски (акустична и бас гитара), Бојан Петков (укулеле) и Александар Секуловски (удиралки). [embed]https://www.youtube.com/watch?v=m2JcJEP3wIM[/embed]

Go to News Site