Kurir
Портпаролот на иранскиот претседател, Елиас Хазрати денеска изјави дека САД лажат дека преговараат со Иран и оти Техеран продолжува со цврстиот отпор кон агресорот. Според него, „непријателот падна во жален ќорсокак и се бори да се извлече“ - Нема тековни преговори. Иран двапати преговараше со лажливата администрација на Трамп, за јасно да го искаже својот став. Но, видовме дека тие нападнаа додека траеја претходните преговори, предавајќи ја дипломатијата, посочи Хазрати, коментирајќи ја изјава на американскиот претседател дека почнале мировни преговори со влијателен ирански функционер. Според Хазрати „непријателот моли за разговори“ додека се соочува со ужасен пораз и оти САД и Израел не постигнале ниту една од своите цели на кој било начин.
Go to News Site