Чешките власти обвинија 32 лица за местење натпревари
Kurir

Чешките власти обвинија 32 лица за местење натпревари

Властите во Чешка подигнаа денеска обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари. Станува збор за натпревари од првата лига, како и од младинските категории. Обвиненијата следуваат по полициските рации во седиштето на Чешката фудбалска асоцијација и неколку клубови, вклучувајќи го и прволигашот Карвина. Обвинителот Радим Драгун прецизираше дека обвинетите се товарат за учество во криминална организација, измами, корупција и перење пари. Тие се соочуваат со казна затвор до 13 години. Меѓу осомничените, наводно, е градоначалникот на Карвина, Јан Волф, судии од професионалната листа, како и фудбалерот на Карвина, Самуел Шигут. Чешката фудбалска асоцијација соопшти дека ги поддржува постапките на полицијата и судските органи, откако претходно, нејзината Комисија за етика, исто така, поведе постапка против 42 физички лица и пет клубови.

Go to News Site