Kurir
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во писмо со благодарност до својот руски колега Владимир Путин изјави дека неговата земја секогаш ќе ја поддржува Русија, објавија денеска севернокорејските медиуми. -Изразувам искрена благодарност за вашите топли и срдечни честитки за моето повторно преземање на тешките одговорности на шеф на државата, напиша Ким. Законодавното тело на Северна Кореја го реизбра Ким Џонг Ун за претседател во неделата. -Денес, Демократската Народна Република Кореја (ДНРК) и Русија тесно соработуваат за да го одбранат својот суверенитет, напиша Ким во писмото. Ким нагласи дека Пјонгјанг секогаш ќе стои зад Москва затоа што „тоа е наш избор и наша непоколеблива волја“. Врските меѓу двете земји се зајакнаа од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, кога Пјонгјанг испрати војници и системи за оружје за поддршка на војната на Русија, а во 2024 година потпишаа договор за меѓусебна одбрана. Северна Кореја, изолирана, сиромашна земја и многу ранлива на природни катастрофи, добива финансиска помош, храна и енергија за возврат, покрај воена технологија, велат аналитичарите, објави парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница. Друг руски сојузник, белорускиот претседател Александар Лукашенко, денеска пристигна во дводневна посета на Ким.
Go to News Site