Променливо облачно, кон крајот на денот повремени врнежи од дожд
Kajgana

Променливо облачно, кон крајот на денот повремени врнежи од дожд

Променливо облачно, кон крајот на денот повремени врнежи од дожд Филип Здравески 26.03.2026 / 08:06 Македонија Времето денеска ќе биде променливо облачно време кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 км/ч) од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 км/ч) од јужен правец. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 20 степени. Времето во наредните денови Во петок наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On

Go to News Site