Kajgana
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја Филип Здравески 26.03.2026 / 08:09 Македонија Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 8:00 до 14.00 часот корисниците од населбата Пинтија, дел од улицата „Саса“ во Општина Кисела Вода; · во периодот од 8:00 до 15:00 часот дел од корисниците од улицата „Востаничка“ од број 44 до 49, Општина Кисела Вода; · во периодот од 9:00 до 14:00 часот дел од корисниците од улицата „101“ во Волково, Општина Ѓорче Петров; · во периодот од 11:00 до 14:30 часот дел од корисниците од улицата „Девол“ во Општина Карпош. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site