Зеленски бара партнерство за вооружување со државите од Заливот
Kurir

Зеленски бара партнерство за вооружување со државите од Заливот

Претседателот на Украина Володимир Зеленски соопшти дека неговата земја преговара за партнерство во областа на вооружувањето со државите од Персискиот Залив, пренесува ДПА. Во своето редовно вечерно обраќање, Зеленски истакна дека овие земји покажале голем интерес за искуството на Украина во борбата против беспилотни летала, особено во контекст на конфликтот со Иран. - Украина нуди заемно корисно партнерство: можеме да ги зајакнеме оние што можат да нè зајакнат нас - изјави тој. За возврат, Киев бара системи за воздушна одбрана и финансиска поддршка за дефанзивните операции против Русија. Зеленски го поврза ова дипломатско приближување кон Заливот и со пречките од страна на Унгарија во врска со мултимилијардскиот заем од ЕУ, нагласувајќи ја потребата од алтернативни начини за зајакнување на одбраната. Според него, Блискиот Исток и Заливот претставуваат вистинска насока и сериозна можност за зајакнување на украинските капацитети во војната која трае од февруари 2022 година.

Go to News Site