Kajgana
Инцидент кај Босфор: Турски танкер нападнат од дронови Филип Здравески 26.03.2026 / 09:19 Свет Танкер за сурова нафта во сопственост на турска компанија со седиште во Истанбул беше нападнат рано утрово во четврток, на 15 наутички милји од Босфорот. Танкерот Altura, во сопственост на Pergamon Denizcilik Isletmeleri A.S., исплови од рускиот пристаништен град Новоросијск на североисточниот брег на Црното Море. Се наведува дека превезувал околу 140.000 тони нафта кога бил нападнат околу 0:30 часот. Извештаите покажуваат дека танкерот бил цел на дрон, кој го оштетил горниот дел од бродот и машинската просторија. По нападот, танкерот испратил повик за помош, на кој одговорил блискиот брод Erdek. Според радиокомуникации, машинската просторија се полнела со вода, но немало повредени. Спасувачките бродови Rescue 11 у Rescue 12 од турската Генерална дирекција за крајбрежна безбедност, како и брзиот брод Coastal Safety 5, беа испратени на местото на инцидентот. Танкерот Altura е под санкции на Европската Унија и Обединетото Кралство, но не и од САД. На платформата MarineTraffic е класифициран како дел од т.н. флота во сенка. Турција руска нафта Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site