Повлекувањето на Џејмс од франшизата во Лас Вегас може да биде поврзано со проект за алтернативна лига
Kurir

Повлекувањето на Џејмс од франшизата во Лас Вегас може да биде поврзано со проект за алтернативна лига

Се појавија нови информации во врска со можните деловни интереси на Леброн Џејмс. Деловниот партнер и претставник на Леброн Џејмс, Маверик Картер, од „Фенвеј Спортс Груп“, минатата година советуваше група инвеститори за можноста за организирање алтернативна НБА кошаркарска лига во САД, но во еден момент објави дека го напуштил проектот. Картер деновиве сега неочекувано се приклучи на одборот на директори на новата организација. „Проектот Б“, како што привремено се нарекува турнирот, има намера да започне со „продолжување на кариерите на истакнати играчи, а потоа да почне да привлекува кошаркари со високи плати и влогови во лигата. Натпреварувањето ќе започне следната есен, ќе трае од ноември до април и ќе се преклопува со распоредот на НБА. Женскиот дел од лигата веќе го потврди учеството на Нека Огвумике, Алиса Томас, Џуел Лојд и Софи Канингем. Статусот на партнерство на Леброн Џејмс сè уште не е потврден. - Во овој момент не сме имале никакви разговори, коментираше ко-основачот на лигата Грејди Барнет за можното партнерство со големата НБА ѕвезда. Четириесет и едногодишниот Џејмс НБА-кариерата ја почна во Кливленд во 2003 година. Играше и за Мајами хит, а од 2018 година е член на Лос Анџелес лејкерс. (МИА)

Go to News Site