Царина и МВР ја зајакнуваат контролата на аеродромите
Kurir

Царина и МВР ја зајакнуваат контролата на аеродромите

Царинската управа и МВР ги зајакнуваат капацитетите за заедничко делување против обидите за криминал на меѓународните аеродроми. До крајот на мај се очекува целосно да се стави во оператива Граничната меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле Охрид, како дел активностите што ги презема државата во рамки на втората фаза од Програмата на ЕУ и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал за промовирање на владеење на правотo и добро владеење преку спроведување на мерки за гранична контрола на пристаништа и аеродроми во Југоисточна Европа. На оваа тема се дискутираше на состанокот на директорот Бобан Николовски и помошник директорот на Одделот за гранични работи и миграции при МВР, Ивона Стефановска, заедно со регионалниот координатор при Канцеларијата на ОН за дрога и криминал, Батир Гелдиев. На состанокот беше констатирано дека соработката помеѓу Царинската управа и МВР е пример во Западен Балкан и пошироко за ефикасно заедничко делување на царината и полицијата. „Борбата со организираниот криминал бара ефикасен и брз одговор на единиците на меѓународните аеродроми во Југоисточна Европа. Организираните мрежи користат сложени логистички структури, и ние мора да возвратиме посилно и со здружени сили кон секој обид за криминал. Воспоставувањето на Гранична меѓуагенциска единица на Aеродромот во Охрид, ќе ја позиционира Македонија како пример за успешно и координирано справување со безбедносните предизвици во регионот“, истакна Николовски.

Go to News Site