Tocka
На денешната прес-конференција, пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, обзнани дека партијата ќе поднесе предлог-измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кои, како што оцени, ќе се адресира долгогодишен системски проблем – исклучувањето на десетици илјади граѓани од здравствена заштита. Станува збор, додаваат од оваа партија, за фриленсери, хонорарци, лица на договор на дело, слободни уметници и невработени, кои поради постоењето на праг на приходи остануваат без здравствено осигурување.
Go to News Site