Нов циркус во Реал: На уште еден играч му била прегледана погрешна нога
Kajgana

Нов циркус во Реал: На уште еден играч му била прегледана погрешна нога

Нов циркус во Реал: На уште еден играч му била прегледана погрешна нога Филип Здравески 26.03.2026 / 14:16 Фудбал Бурата околу повредата на Мбапе и неговиот погрешен третман сè уште не е стивната, а во Реал се појави нов скандал. Имено, неодамна францускиот RMC објави информација дека лекарите на мадридскиот клуб го прегледале погрешното колено на Мбапе, поради што тој не започнал веднаш со вистинската терапија и третман. И додека напаѓачот ги негираше овие информации, L'Équipe објави дека истото се случило и со Едуардо Камавинга. На играчот од редот за врска на Реал му бил прегледан и скениран со магнетна резонанца зглобот на глуждот на погрешната нога. Тоа се случило по натпреварот против Атлетик во Билбао на 3 декември. Неколку дена потоа, тој се најде на клупата против Селта, а кога откриле што направиле Камавинга морал да отсуствува две недели. Ќе видиме како Реал ќе реагира на овие тврдења… Реал Мадрид Едуардо Камавинга Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off

Go to News Site