Стармер: Западот се соочува со војна на два фронта
Kurir

Стармер: Западот се соочува со војна на два фронта

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, на денешниот Самит на Заедничките експедициски сили, што се одржува во Финска, истакна дека западните држави се соочуваат со војна на два фронта. - Војната во Украина и американско-израелскиот конфликт со Иран се двете главни воени арени што ги засегаат европските земји, наведе Стармер. Тој пред да пристигне во Хелсинки им одобри на британските сили да почнат да запленуваат танкери од руската флота во сенка. - Фокусот до голем степен е на руската агресија во Украина и мора да прифатиме дека ова е војна на два фронта – иранскиот конфликт и тековниот конфликт во Украина. Денеска ќе разговарам со сојузниците за тоа што повеќе можеме да направиме. Секако, ќе има дискусии за трошоците за одбрана и одбранбените капацитети, посочи Стармер. Заедничките експедициски сили се воена коалиција од 10 европски земји, која, покрај Велика Британија учествуваат Данска, Естонија, Исланд, Летонија, Литванија, Холандија, Норвешка, Финска и Шведска.

Go to News Site