Kurir
СДСМ избега од денешната седница за пратенички прашања, иако овие седници се инструмент за контрола на извршната власт од страна на Собранието, односно седница на која премиерот и министрите треба да им одговараат на пратениците за работата на владата и ситуацијата во државата. Да биде уште позагрижувачко е неприсуството и на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој е и пратеник во Собранието, кој пак воопшто и не се појави да постави пратеничко прашање до премиерот или министрите, како лидер на опозициска партија да побара одговори. На оваа состојба реагираше и премиерот Христијан Мицкоски кој посочи дека целата опозиција ја нема на седницата за пратенички прашања, во исто време додека глумат многу загрижени за граѓаните. -Ова е сликата оптрилика како делува собраниската сала за овие кои се многу загрижени за граѓаните, барем тие така викаат, многу биле загрижени па предлагале мерки, па политики креирале и така натаму. А кога имаа можност да предлагаат мерки и политики правеа се спротивно од тоа. Тие мислат дека граѓаните имаат меморија на златна рипка и заборавиле сето тоа кое се случуваше седум години дека имаат кратко помнење и тука повторно ги навредуваат граѓаните и нивната колективна меморија. Но тоа е нивен проблем, резултати сите можеме да ги видиме какви се, изјави премиерот Мицкоски. Инаку, со Устав е предвидено дека Собранието врши политичка контрола и надзор над Владата и над другите носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието и затоа од особена важност е присуството на опозицијата на седниците за пратенички прашања. Но, очигледно за СДСМ пратеничките прашања и отчетот на членовите на владата пред пратениците не е важен.
Go to News Site