Kurir
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е тешко да се предвидат последиците од конфликтите на Блискиот Исток, но дека нивното потенцијално влијание веќе се споредува со последиците од пандемијата на ковид-19. Според него, конфликтот предизвикува значителна штета на меѓународната логистика, производството и синџирите на снабдување, а во исто време ги става под силен притисок компаниите во секторите за јаглеводороди, метали и ѓубрива „Сè уште е тешко точно да се предвидат последиците од конфликтот на Блискиот Исток“, рече Путин во обраќањето пред бизнис-лидерите во Москва. „Ми се чини дека дури и оние вклучени во конфликтот не може ништо да предвидат, а за нас е уште потешко“. „Сепак, веќе постојат процени што ги споредуваат со епидемијата на коронавирусот“, додаде Путин. „Ќе ве потсетам дека тоа драматично го забави развојот на сите региони и континенти, без исклучок“.
Go to News Site