Kajgana
Седлоски: Проблемот е во главата, примаш гол и за 10 минути добиваш уште три КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО - БАРАЖ Филип Здравески 27.03.2026 / 08:48 Фудбал Новиот селектор на македонската репрезентација имаше неуспешно деби откако Македонија со полна мрежа се врати од Копенхаген од баражот за пласман на Мундијалот 2026. Фото: ФФМ Гоце Седлоски не го криеше разочарувањето по дебаклот од 4:0 синоќа во данската престолнина, иако по првите 45 минути резултатот беше 0:0. Македонија беше немоќна пред Данска, упати само еден удар кон данскиот гол, а деконцентрацијата по примениот гол доведе до тотално фијаско. „Честитки за данската репрезентација за заслужената победа“, почна Седлоски, испраќајќи ги Данците во финалниот бараж. Задоволен сум од првото полувреме, но ни се случи ран гол во второто полувреме, откако им реков на фудбалерите да се обидеме да излеземе понапред и да се надигруваме. Ни се распадна системот и Данците покажаа моќ. Стравував од играта по страните и тој страв беше оправдан. Имавме проблем со придодавање на данските бекови и не успеавме да се одбраниме. Треба да разговараме со фудбалерите за тој пад и трите гола во десет минути.“ Само 4 минути по паузата Данците го отворија резултатот преку Микел Дансгард, а потоа Македонците се срушија како кула од карти, па во 58. и 59-тата минута Густав Исаксен со два брзи гола ја запечати судбината на Македонија. Да биде ужасот поголем, во 75-тата Кристијан Ериксен погоди директно од корнер, но Кристијан Нордгард му го украде голот сместувајќи ја топката во мрежата од самата гол-линија. Remote video URL „Ставив во игра фудбалери кои се стандардни во клубовите и верував во нив. Сега не сакам да анализарам, жешки се главите, но сигурно дека во иднина ќе има промени во тимот. Сигурно дека проблемот е и во главата, не треба да паѓа концентрација. Примаш гол и за десет минути добиваш уште три во мрежата. Сепак, треба да кажам дека Данска постојано те меле. Во првиот дел дозволивме само удари од далечина, но моравме да издржиме подолго. Сите сме тажни, им благодарам на навивачите кои ни дадоа поддршка и верувам дека во иднина ќе ги израдуваме“, изјави Седлоски. Македонија сега ја очекува голема анализа, но и пријателски меч со Ирска во Даблин во вторник, која синоќа иако водеше 2:0 во Прага против Чешка на крајот загуби на пенали. Гоце Седлоски Македонија фудбал СП 2026 Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site