Kurir
Индија ги намали специјалните дополнителни акцизи за бензинот од 13 на три рупии по литар, а за дизелот од 10 на нула рупии по литар. Одлуката на Владата во Њу Делхи е во насока на поддршка на енергетскиот сектор поради неповолното влијание на војната на Блискиот Исток врз снабдувањето со нафта и природен гас. Индија што е трет најголем увозник и потрошувач на нафта во светот, повеќе од 90 проценти од потребите ги покрива со увоз. Во изминатата година земјата потрошила 33,15 милиони тони пропан-бутан, од кои околу 60 проценти се увезени, при што речиси 90 проценти од увозот доаѓа од Блискиот Исток.
Go to News Site