Kurir
Венко Филипче очајно се обидува да ја зачува својата фотелја во СДС, тоа е причината што целосно ја става СДС во функција на туѓи интереси и ја претвора во обична прокси структура под диригентската палка на Зоран Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Во денешното соопштение потенцираат дека Заев ја има клучната улога за селекција и поставување партиски функционири во СДС, сега преку Филипче, Заев директно го постави за шеф на ПР комуникациите Башановиќ заедно со неговиот соработник Шчекиќ. „Башановиќ и Шчекиќ ја контролираат ПР стратегијата и јавните настапи на Филипче. Венко Филипче не покажа капацитет за лидерство напротив јавноста може да виде само политичка сервилност, Филипче не покажа самостојност тука целосна зависност и потчинетост. Филипче не само што нема капацитет да води, туку свесно ја жртвува партијата за да остане на позиција, спроведувајќи агенди што не произлегуваат од членството, ниту од граѓаните а се под водство на Башановиќ и Шчекиќ. Сомнителните средби на Филипче надвор од државата во Ниш и Грција по насока на Заев и упорниот молк околу нив се директен показател дека клучните одлуки не се носат транспарентно, туку во затворени кругови, далеку од очите на јавноста. Ова претставува сериозен удар врз политичката транспарентност и довербата“, нотираат во соопштението. ПР машинеријата на СДС се сведува на ширење дезинформации, манипулации и оркестрирани клевети, што јасно покажува дека партијата нема реални политики, туку се потпира на валкани кампањи за да опстане на политичката сцена, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Некогаш сериозна политичка партија, СДС денес е симбол на погрешно раководење, изгубен правец и целосно отуѓување од граѓаните. Заев, заедно со своите наследници, ја доведе партијата до работ на политичка безначајност. Ова не е само политичка криза во СДС туку и јасен доказ за заробена партија, управувана од сенка, без легитимитет и без иднина. Граѓаните заслужуваат вистина, одговорност и крај на ваквите политички практики“, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Go to News Site