Kurir
На денешното отворање на настанот под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Студентската организација на ЕПП и фондацијата Конрад Аденауер, се обрати претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој истакна дека Унијата на млади сили повторно докажува дека е меѓународно етаблирана организација која Република Македонија и Скопје ги прави епицентар на младинските случувања на европско и светско ниво. „Унијата на млади сили повторно докажува дека е меѓународно етаблирана и признаена организација и единствена младинска организација која е способна да Република Македонија и Скопје ги направи епицентар на младинските случувања на европско и на светско ниво. Официјално ќе го отвориме овој дводневен настан на кој како Унија на млади сили сме домаќини, домаќини сме на млади луѓе од сите сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ коишто се членки на Европската народна партија, домаќини сме на над 70 млади луѓе коишто се идни млади политичари од цела Европа, овие прилики се одлични за размена на искуства во насока на креирање на младински политики и преземање на позитивни примери од странство“, рече Попов и додаде: „Многу е важно и нашата генерација и структура на млади политичари во Унијата на млади сили уште од сега да се вмрежува со своите колеги од Европа и светот. Во наредните денови овие над 70 млади од Европа ќе можат да се сретнат со нашиот државен врв и во наредниот период ќе има многу што да се слушне и многу што да произлезе како содржина за младите луѓе токму од овој настан“.
Go to News Site