Рубио пристигна во Франција за состанокот на Г7
Kurir

Рубио пристигна во Франција за состанокот на Г7

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска пристигна во Франција за да учествува на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Г7. Фокусот на разговорите е на војната на Блискиот Исток и нејзините економски последици на глобално ниво. Ова е прва странска посета на Марко Рубио откако САД и Израел ја започнаа својата воена операција против Иран. Се очекува Рубио да разговара со министрите за надворешни работи на Германија, Обединетото Кралство, Канада, Франција, Италија и Јапонија за тоа каква помош нивните земји се подготвени да им обезбедат на САД за отворање на Ормуската Теснина.(МИА) [embed]https://www.youtube.com/watch?v=HKWsjH8JqiU[/embed]

Go to News Site