Во вентилацијата на автобус на Дурмо Турс од Гостивар скриени куршуми, уапсени две лица
Kajgana

Во вентилацијата на автобус на Дурмо Турс од Гостивар скриени куршуми, уапсени две лица

Во вентилацијата на автобус на Дурмо Турс од Гостивар скриени куршуми, уапсени две лица Филип Здравески 27.03.2026 / 14:46 Хроника Царинската управа откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на Дурмо Турс од Гостивар, која беше спроведена на влез во државата на граничниот премин Табановце. Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата. Досега против двајца осомничени кои беа уапсени, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово, а истрагата е проширена и кон други лица. „Делото е откриено вчера кога мобилен царински тим поради сомневање го застанал автобусот на Дурмо Турс, кој сообраќал на релација Италија-Македонија, на контрола. Притоа мобилните царински инспектори увиделе оштетувања на надворешниот дел од вентилацијата на автобусот, при што во внатрешниот дел од вентилацискиот простор помеѓу 50 пакувања кафе пронашле кутија со вкупно 580 парчиња куршуми од кои најголем дел се со 9 мм калибар“, соопшти Царината. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site