Барон Трамп сведочеше на суд за напад врз жена, напаѓачот доби четири години затвор
Kurir

Барон Трамп сведочеше на суд за напад врз жена, напаѓачот доби четири години затвор

Судија во британскиот кралски суд во Снерсбрук денеска го осуди рускиот државјанин Матвеј Румјанцев на четири години затвор, благодарение на сведочењето на најмладиот син на американскиот претседател Доналд Трамп, Барон, кој бил сведок на нападот врз својота пријателка за време на видео повик и ја известил полицијата за тоа. Барон (20) им рекол на полицајците дека во јануари минатата година тој од САД ја повикал жртвата која била во Лондон и дека за време на видео повикот видел дека е нападната, пренесуваат британските медиуми. По нападот полицијата го уапси Матвеј Румјанцев (22), кој неколку месеци се забавувал со жената што ја нападнал. „Во еден момент од насилството, имаше повик до нејзиниот пријател Барон Трамп или од него и тој ве виде како ја тепате и вие го држевте телефонот и ја снимавте, што беше чин на гнев за да ја понижите. Г-дин Трамп, и покрај тоа што беше во САД, постапи правилно и одговорно, се погрижи да бидат повикани службите за итни случаи и им кажа што видел“, рече судијата Џоел Бенатан во Кралскиот суд во Снерсбрук, додека ја изрекуваше пресудата за Румјанцев. Жената, чиј идентитет не е објавен, претрпе модринки на брадата, раката, зглобот, како и гребнатини, а ѝ падна и прамен од косата. Во јануари, Румјанцев беше прогласен за виновен за нападот и за попречување на правдата, но беше ослободен од обвинението за силување и намерно давење, а беше осуден на по две години затвор за секое од двете кривични дела.

Go to News Site