Kurir
Намалена е видливоста до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка - село Лисец, информира ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Сите патни правци се проодни, а на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот. -Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, наведува ЈП „Македонија пат“.
Go to News Site