Kurir
Општина Ѓорче Петров, во соработка со питомците од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Универзалната единица за заштита и спасување при Општина Ѓорче Петров, денес реализираше акција за чистење на локалитетот Крст во Кучково. Акцијата беше организирана во рамки на цивилно-воена соработка, со цел подигнување на јавната свест за заштита на животната средина, одговорно однесување кон природата и зачувување на природните локалитети во општината. Во текот на активностите, од зелените површини беа подигнати над 4 метри кубни отпад, со што значително се придонесе за почиста и поуредена средина на овој значаен природен локалитет. Кучково претставува еден од најубавите природни предели во Ѓорче Петров и место кое има големо значење за рекреација, одмор и дружење на граѓаните. Затоа, неговото зачувување е заедничка обврска на институциите, граѓаните и сите општествено одговорни чинители. Оваа акција е уште една потврда дека преку заедничко делување, одговорност и посветеност можеме да создадеме почиста, поздрава и поубава животна средина за сите граѓани. Општината ќе продолжи со активности насочени кон заштита на природата, уредување на јавните површини и поттикнување на одговорно однесување кон животната средина. Општина Ѓорче Петров изразува голема благодарност до деканот на Воената академија, проф. д-р Ненад Танески, за соработката и поддршката, како и до питомците кои со својот ангажман покажаа висок степен на одговорност, дисциплина и љубов кон татковината и природата.
Go to News Site
Вечер
Вечер
Makfax Macedonia
Press24
Tocka
Tocka
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir
Kurir