Kajgana
Бојковска: Со „Роаминг како дома”, целосно се усогласуваме со европските легислативи Александра Спасеска 10.06.2026 / 13:18 Македонија Македонија го започна процесот за приклучување кон европската иницијатива ,,Роаминг како дома“, истакна Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Со ова, како што рече, ќе им се овозможи на граѓаните да користат мобилни услуги, повици, интернет и СМС-пораки во земјите од ЕУ, по цени како домашните. Ова, оценува таа, претставува директна придобивка за граѓаните, која ќе донесе пониски трошоци, олеснета комуникација и подобри услови за прекугранична соработка. „Со усогласувањето на домашната законска рамка со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации, Владата го заврши својот дел од обврските и ја подготви Македонија за следната фаза од процесот на приклучување кон европскиот роаминг простор. Разликата е очигледна. Додека од СДС, се уште се обидуваат да ја убедат јавноста дека европската агенда е нивен приоритет, и покрај фактот што зад себе имаат оставено само неисполнети ветувања, ВМРО-ДПМНЕ работи на конкретни придобивки за граѓаните“. Овој процес, според неа, е уште еден доказ дека кога институциите се водат одговорно и домаќински, резултати има. ВМРО-ДПМНЕ, додаде, нуди политики кои имаат директен бенефит за граѓаните и конкурентноста на македонската економија. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро Off
Go to News Site
Makfax Macedonia
Kurir
Tocka
ZHURNAL
Нова Македонија
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana
Kajgana