Collector
Giriş Yap
Одреден распоредот на натпревари за новата сезона во 1.МФЛ | Collector
Одреден распоредот на натпревари за новата сезона во 1.МФЛ

Одреден распоредот на натпревари за новата сезона во 1.МФЛ

Одреден распоредот на натпревари за новата сезона во 1.МФЛ Филип Здравески 10.06.2026 / 15:29 Фудбал Натпреварувачката комисија при ФФМ го објави распоредот на натпревари во првата лига за сезоната 2026/2027. Фото: ФФМ Според календарот, новата сезона почнува 25 јули, а есенскиот дел завршува со 18-тото коло на 13 декември, по што следува редовната зимска пауза. Сезоната продолжува со пролетниот дел на 13 февруари, а последното 36. коло е на програмата на 23 мај. Во новата сезона првата лига ќе брои 10 клубови, два помалку од досега. Нови прволигаши се Брегалница, Скопје и Шкендија 77. Екипата од Арачиново е дебитант. Сезоната ќе има 36 кола бидејќи ќе се игра во 4 круга, односно секој со секого по 4 пати, двапати дома и двапати на гости. Првото големо дерби е уште во 2. коло кога во Скопје ќе се сретнат фаворитите за титулата Вардар и Шкендија. 1. коло: Вардар - Брегалница Шкендија - Скопје Струга - Шкендија 77 Силекс - Башкими Тиквеш - Арсими Од лигата ќе испаднат последнопласираните две екипи, а онаа што ќе заврши на 8. место ќе игра бараж против третопласираната екипа од втората лига. И во новата сезона ќе се користи ВАР системот. Напоменуваме дека арачиновска Шкендија 77 допрва треба да се трансформира во акционерско друштво за да може да аплицира за лиценца за натпреварување во првата лига. Лиценцирањето го врши УЕФА и сите клубови учесници мора да бидат АД. Дополнително, на денешниот брифинг со новинарите претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, информираше дека за Башкими има активна судска постапка поради минатогодишниот наместен натпревар со Кожуф во втората лига, а за кој има признанија од играчи и други лица. Но, напомена дека ФФМ може да постапува само по добивање на правосилна судска пресуда. „Сѐ додека нема таква пресуда, нема да исклучиме ниту еден клуб“, нагласи претседателот. Во прилог распоредот за есенскиот дел (клик на сликата за поголема верзија): 1.МФЛ Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On

Go to News Site